03/09/2026
Пишење невеста, односно ритуалното украсување и исцртување на лицето на невестата е еден од највпечатливите традиционални обичаи во регионот Горна Жупа.
Лицето се покрива со светла подлога врз која се нанесуваат орнаменти, бои и декоративни елементи. Во локалниот контекст оваа практика има силна симболичка и заштитна функција. Орнаментите не се само декоративни, туку можат да се разберат и како апотропејски знаци, односно симболички средства за заштита на невестата од уроци, погледи и негативни сили во еден од најзначајните моменти на нејзиниот животен премин од девојка во невеста.
Во проектот „Ткаени идентитети - Од Жупа до светот“, токму мотивите од локалната невестинска носија и „пишењето невеста“ стануваат појдовна точка за создавање зидна декорација/таписерија, реализирана во симбиоза на традиционалните локални ликовни техники и современиот израз.
Проектот „Ткаени идентитети - Од Жупа до светот“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia кој се имплементира од Хартефакт Фонд Heartefact North Macedonia
photo Maja Argakijeva
model Magdalena Filipova
makeup